Кој ќе одговара за труењето на граѓаните кои институциите не ги евакуираа, прашуваат од СДСМ
Повеќе од 500 илјади жители на Скопје и околината, граѓани, деца, мајки, болни и возрасни, беа оставени да дишат отров по пожарот во Трубарево. – пишува во соопштението на СДСМ.
Олово, арсен и кадмиум во концентрации дури 12 пати над дозволеното имало во воздухот, а власта молчеше. Наместо да алармира, да преземе итни мерки, препораки и евакуација, власта ги убедуваше граѓаните дека опасност нема и не мрдна со прст.
Со тоа, власта свесно го загрози здравјето и животот на луѓето.
Кој ќе одговара за ова труење на граѓаните?
Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?
Мора да има итна истрага од Јавното обвинителство и кривична одговорност за сите службени лица кои со своето непостапување дозволија да се загрози животот на граѓаните.
Оставки веднаш од министерот за внатрешни работи, министерот за здравство и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Македонија досега не видела понеодговорна и кукавичка власт од оваа на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да се соочи со кризите, таа калкулира, минимизира и со лаги се обидува да си го спаси рејтингот, додека граѓаните плаќаат со сопственото здравје. – додаваат од СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој ќе одговара за труењето на граѓаните…
Повеќе од 500 илјади жители на Скопје…
Тепачка во Зајас, одземено оружје
На 20.09.2025 во 15:50 часот, во селото…
Во Штип вчера имало над 100.000 на…
Во Штип вчера имало над 100.000 посетители…
(Видео) Штип како депонија ден по Пастрмајлијадата
Штип изгледа како депонија ден по Пастрмајлијадата.…
Работник повреден во фабрика во Кавадарци
Работник бил повреден во фабрика во Кавадарци,…