Кривична пријава за поранешен директор: Обвинет е за злоупотреба и исплата на фиктивни плати!

t

Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за економски криминал и корупција, во координација со СВР Скопје и Единицата за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против 31-годишниот В.М., поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување,“ по член 353 од Кривичниот законик.

Според информациите, пријавениот во 2021 година, во својство на вршител на должноста Директор на ЈКП „Гази Баба 2007“ Скопје, не ги исполнувал своите службени овластувања и задачи кои произлегуваат од неговата позиција како лице што врши работи од јавен интерес.

Конкретно, тој ангажирал седум сезонски работници без да потпише писмен договор за нивниот работен ангажман во Јавното претпријатие. Дополнително, не спровел контрола на редовноста на нивната работа, што резултирало со тоа работниците да бидат заведени како редовно присутни, и покрај тоа што не го исполнувале работниот ангажман.

В.М. потпишал документи за исплата на плати од Буџетот на Општина Гази Баба за овие лица, во вкупен износ од 1.218.000 денари, со што овие лица се стекнале со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Општината.

Случајот е во рацете на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе ги преземе понатамошните правни дејствија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четврта пријава за лажен TOEFL сертификат од…

Продолжува сагата со лажни сертификати за познавање…

Синдикатот на полицијата во Македонија поднесе кривична…

Денес Синдикат на Полиција во Македонија -…

Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан…

МВР поднесе кривични пријави против две лица…

104-годишна бабичка скокнала со падобран

Една 104-годишна жена од Чикаго се надева…

Кривична пријава за насилник од Битола, одреден…

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното…