Кривична пријава против гостиварец, од лажен профил на социјална мрежа објавувал приватни фотографии од девојки
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР, по неколкумесечна истрага, го расчисти случајот во кој приватни фотографии на девојки од Гостивар, придружени со текст со вулгарна содржина, беа јавно споделени на лажен профил на социјална мрежа Инстаграм на 28.02.2025. Имено, по преземени мерки, Секторот за компјутерски криминал го откри и пронајден сторителот и К.Н.(27) од Гостивар, по што против него, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, казнивo по член 149 од Кривичниот законик.
Пријавениот К.Н., на 28.02.2025 креирал и лажен профил на социјалната мрежа и од профилот објавил постови со фотографии од шест девојки од Гостивар, кои ги набавил без нивна согласност од нивни приватни профили на социјална мрежа. Исто така, злоупотребените лични податоци од пријавителките биле надополнети со текстови со навредлива содржина упатувајќи им јавни навреди од сексистичка природа.
По преземени истражни мерки и добиени податоци, лицето било повикано на службен разговор во Полициската станица Карпош, каде што го признал делото, по што му е поднесена пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа објави фотографии од Советот за…
Белата куќа синоќа објави фотографии од Советот…
Фотографијата која ги излуди сите со години:…
Првиот поглед на фотографијата веднаш ќе фрли…
Четврта пријава за лажен TOEFL сертификат од…
Продолжува сагата со лажни сертификати за познавање…
Синдикатот на полицијата во Македонија поднесе кривична…
Денес Синдикат на Полиција во Македонија -…
Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан…
МВР поднесе кривични пријави против две лица…