Кривична пријава против градоначалникот на Охрид

t

Иако имале негативни тестови, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, СВР Охрид до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид.

Пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на Корона вирус и, наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник „Богојавление- Водици 2022 година“ одржана во Охрид.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, добил позитивен наод на тест за Ковид-19 на испитувањето направено на богојавленските свечености во Охрид на кои лично присуствуваше, а кој го направил утрото.

На повтореното тестирање резултатите биле негативни.

И двете тестирања биле спроведени во истата установа – во Центарот за јавно здравје во Охрид.

Пецаков на својот фејсбук-профил појаснува дека не чувствувал никакви симптоми, но оти ПЦР тестирањето го направил заради потреба од патување во странство.

Слично беше и со случајот на секретарот на Оштината, Александар Китески, кој исто така добил позитивен, па негативен резултат на тестирањето за Ковид-19 спроведено исто така заради потреба од патување надвор од земјата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Дачиќ на средби со Лавров, Шаленберг, Сијарто…

На маргините на 30. Министерски совет на…

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ: Над 500 лица…

Европол уапси 566 лица и заплени над…

Републиканците најавија гласање на импичмент за Бајден

Републиканците во Претставничкиот дом на САД во…

Јакимовски за тушот од О’Брајан за Мицкоски:…

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на Фејсбук…