Кривична пријава против правно и физичко лице од Струмица, со непријавување на ДДВ за 2025 година го оштетиле државниот буџет за скоро три милиони денари
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица во стечај и против М.М.(48) од Струмица, поради постоење основи на сомнение сториле кривично дело „даночно затајување“ по член 279 став 4 и став 2 од Кривичниот законик.
Пријавениот правен субјект и М.М., во времето на сторување на кривичното дело во својство на управител со неограничено овластување, со намера да одбегнат плаќање на Данок на додадена вредност постапиле спротивно на одредбите од Законот за ДДВ така што во поднесена даночна пријава за деловната 2025 година не пријавиле излезен ДДВ по општа даночна стапка на износ од 2.792.438 денари и излезен ДДВ по повластена даночна стапка од 5% на износ од 91.325 денари. Дополнително, во текот на 2025 година, за приход по фактура на износ од 101.716 денари не пресметале ДДВ на износ од 13.308 денари по општа даночна стапка, а за приход по фактура на износ од 97.552 денари не пресметале ДДВ на износ од 4.873 денари по повластена даночна стапка.
Со таквите дејствија, пријавените во текот на 2025 година се стекнале со противправна имотна корист, односно предизвикале штета на буџетот на државата за вкупен износ од 2.909.944 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава против правно и физичко лице…
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица,…
Владата го намалува ДДВ-то за горива –…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините…
Тешко повреден е 16-годишен мотоциклист од Струмица,…
МВР информира дека вчера попладне во 14:00…
(Видео) Владата ќе го намали ДДВ-то за…
Премиерот Мицкоски најави намалување на ДДВ од…
Левица: ДПМНЕ одби дуплирање на поврат на…
ВМРО-ДПМНЕ одби дуплирање на поврат на ДДВ…