Кривична против поранешниот градоначалник на Делчево за „злоупотреба на службената положба и овластување“

t

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како градоначалник на општина Делчево, во 2023 и во 2024 година склучил два договори за јавни набавки со економскиот оператор од Кочани, во вредност од по 236.000 денари и двата со важност од една година, во кои за седум производи била понудена нереално ниска цена, односно за 12 пати пониска од другите понудувачи.

Пријавениот не побарал дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и наместо тоа, ги пречекорил границите на службената должност, го фаворизирал и му овозможил на правното лице да ги добие и двата договори за јавна набавка на стоки за потребите на општина Делчево.

На тој начин овозможил на правното лице од Кочани да се стекне со имотна корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична против поранешниот градоначалник на Делчево за…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…

20-годишник од Делчево возел со 129 км…

На 02.04.2024 во 18:35 часот на бул.…

Кривична пријава за сопственик на сместувачки капацитет…

МВР поднесе кривична пријава против правно лице…

Кривична пријава против поранешен директор на Водовод…

Кривична пријава против поранешен директор, поранешен вработен…

Работник од Делчево тешко се повредил додека…

54-годишен работник од Делчево вчера е тешко…