Кривични пријави против кочанскиот градоначалник и Александар Андов поради констатиран судир на интереси

t

Кривични пријави против кочанскиот градоначалник, Владко Грозданов и директорот на Основното училиште “Никола Карев“, кој истовремено е и претседател на Советот на општина Кочани.

Имено, Советничката група ,,Доста беше“ денес до Основното јавно обвинителство во Кочани поднесе кривична пријава против градоначалникот и Александар Андов, за како што велат, судир нa интереси во извршувањето на повеќе функции на актуелниот претседател на Советот и неразрешувањето од функцијата директор, од страна на градоначалникот.

Градоначалникот, пак, на прес конференција по онаа на ,,Доста беше“, призна дека веќе ги добил барањата за разрешување на Андов и од советничката група, но и од Државната Комисија за спречување на корупција, но како што кажа, тој побарал од Андов сам да постапи и најави целосна разрешница на случајот во текот на денешниот ден.

ТВ 24 го контактираше и Андов. Прашавме, дали ќе постапи како што предвидува законот? Тој најави оставка од директорската фотелја, но со важност од 10 јуни.

Инаку, обавувањето на две функции истовремено е во спротивност со членот 44 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, констатираше во јануари Антикорупциска. А, според информациите до кои дојде 24, Андов, истовремено извршува повеќе функции, односно, освен овие две, тој истовремено е и претседател на Комисии на совет, Селектор на женската фудбалска репрезентација, претседател на општински фудбалски сојуз, потпретседател на училишен спорт на државно ниво, плус претседател на училишен спорт за истокот, а исто така е и кандидат за претседател на Комитет на Совети – ЗЕЛС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави против кочанскиот градоначалник и Александар…

Кривични пријави против кочанскиот градоначалник, Владко Грозданов…

Засилени контроли за боледувања: ФЗОМ ја разгледува…

Сомнежите за злоупотреба на боледувањата го натераа…

Иран ги обвини САД за убиство на…

Иран ги обвини САД за убиство на…

Владата бара трајно решение за проблемот со…

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека Владата започнала…

Иран ги нападна Емиратите

Обединетите Арапски Емирати наведуваат дека нивната „воздушна…