Криминал во Тутунскиот комбинат во Прилеп: Финансов директор плаќал фиктивни фактури од специјална сметка
Кривична пријава за продолжено кривично дело во врска со „злоупотреба на службена положба“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. (46) и Л.К. (54), двајцата од Прилеп за сторено продолжено кривично дело во врска со кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластувања“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и правно лице од Прилеп за продолжено кривично дело во врска со „фалсификување или уништување деловни книги“.
Првопријавениот во својство на финансов директор во АД „Тутунски комбинат Прилеп“ – акционерско друштво со доминантен државен капитал, искористувајќи ја својата службена положба и овластувањето, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот и правното лице на кое второпријавениот е управител, во периодот од 2021 до крајот на 2024 година во договор со второпријавениот, вршел прием на невистинити фактури/испратници од правното лице од Прилеп – изготвени и заверени со печат на друштвото од страна на второпријавениот, за наводно извршени услуги – без потпис за прием на извршената услуга од страна на вработени од АД „Тутунски комбинат Прилеп“, ги задолжувал вработените во сметководство да ги евидентираат како обврски во книговодствената евиденција на АД „Тутунски комбинат Прилеп“, по што ги повлекувал од книговодството на друштвото и ги одобрувал за исплата, без притоа наведените услуги да бидат извршени ниту пак потребата од истите да биде евидентирана во интерниот систем на нарачки на АД „Тутунски комбинат Прилеп“.
Дополнително, во периодот од 31.05.2023 првопријавениот ја вршел исплатата на спорните фактури преку сметка на друштвото на која тој бил единствен потписник, а која сметка и начин на исплата со единечен потписник согласно статутот на друштвото било предвидено за интервентни ситуации.
На ваков начин противправно исплатил парични средства во вкупен износ од 1.439.573 денари во корист на правното лице од Прилеп – од кои само преку сметката каде бил назначен за единствен потписник од 31.05.2023 по основ на спорните фактури извршил исплата во вкупен износ од 874.540 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Криминал во Тутунскиот комбинат во Прилеп: Финансов…
Кривична пријава за продолжено кривично дело во…
Три сестри од Бразил влегоа во Гинисовата…
Три сестри од Бразил чија вкупна возраст…
Мицкоски: За жал, сѐ уште немаме владеење…
Мојот став е дека систематски владеењето на…
Израел најави неограничено воено присуство во Либија,…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денес…
Филипче за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето…