Кубанските војници разочарани од „предавството“ на руските сили при апсењето на Мадуро
Кубанската војска остро реагираше на одлуката за повлекување на рускиот воен контингент, кој заедно со кубанските сили требало да го брани венецуелскиот претседател Николас Мадуро од американската интервенција.
„Додека кубанските војници гинеа бранејќи го венецуелскиот претседател Николас Мадуро, руските елитни сили, испратени да го заштитат, исчезнаа без борба“, пишува „Евромајдан прес“. „По американската операција во Венецуела, стана јасно дека рускиот контингент го оставил Мадуро на цедило.“
Во меѓувреме, според информации од Венецуела што ги пренесува Ројтерс, тамошната влада изјави дека сака да ги обнови дипломатските односи со САД.
„Владата на Венецуела започна со разгледување опции за проширување на дипломатските врски со Соединетите Американски Држави, а претставници на американскиот Стејт департмент треба да отпатуваат во Каракас за технички и логистички проценки“, се вели во соопштението на венецуелската Влада.
Стејт департментот соопшти дека американските претставници го оценуваат „потенцијалното продолжување“ на активностите на амбасадата во јужноамериканската земја.
Утрово, на средба со нафтените компании во САД, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тие ќе преработат и продадат до 50 милиони барели венецуелска сурова нафта, во согласност со нов договор со Венецуела, по апсењето на претседателот Николас Мадуро.
На својата платформа „Truth Social“, Трамп објави дека американските и венецуелските власти заплениле танкер со нафта кој ја напуштил Венецуела без одобрение.
„Овој танкер сега се враќа во Венецуела, а нафтата ќе биде продадена согласно голем енергетски договор што го постигнавме“, изјави Доналд Трамп, американскиот претседател.
Руските власти заплената на венецуелскиот танкер ја оценија како терористички чин, додека светските берзи реагираа на настаните, по што цената на нафтата почна да расте.
Поради неизвесноста околу венецуелската нафта, само минатата недела цената на „црното злато“ порасна за 2,8 проценти, а се очекува сличен раст и во наредниот период. Стабилизирање на цената се очекува кон крајот на месецот. од „предавството“ на руските сили при апсењето на Мадуро
Алфа РедакцијаJanuary 10, 2026 3:08 pm
Кубанската војска остро реагираше на одлуката за повлекување на рускиот воен контингент, кој заедно со кубанските сили требало да го брани венецуелскиот претседател Николас Мадуро од американската интервенција.
„Додека кубанските војници гинеа бранејќи го венецуелскиот претседател Николас Мадуро, руските елитни сили, испратени да го заштитат, исчезнаа без борба“, пишува „Евромајдан прес“. „По американската операција во Венецуела, стана јасно дека рускиот контингент го оставил Мадуро на цедило.“
Во меѓувреме, според информации од Венецуела што ги пренесува Ројтерс, тамошната влада изјави дека сака да ги обнови дипломатските односи со САД.
„Владата на Венецуела започна со разгледување опции за проширување на дипломатските врски со Соединетите Американски Држави, а претставници на американскиот Стејт департмент треба да отпатуваат во Каракас за технички и логистички проценки“, се вели во соопштението на венецуелската Влада.
Стејт департментот соопшти дека американските претставници го оценуваат „потенцијалното продолжување“ на активностите на амбасадата во јужноамериканската земја.
Утрово, на средба со нафтените компании во САД, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тие ќе преработат и продадат до 50 милиони барели венецуелска сурова нафта, во согласност со нов договор со Венецуела, по апсењето на претседателот Николас Мадуро.
На својата платформа „Truth Social“, Трамп објави дека американските и венецуелските власти заплениле танкер со нафта кој ја напуштил Венецуела без одобрение.
„Овој танкер сега се враќа во Венецуела, а нафтата ќе биде продадена согласно голем енергетски договор што го постигнавме“, изјави Доналд Трамп, американскиот претседател.
Руските власти заплената на венецуелскиот танкер ја оценија како терористички чин, додека светските берзи реагираа на настаните, по што цената на нафтата почна да расте.
Поради неизвесноста околу венецуелската нафта, само минатата недела цената на „црното злато“ порасна за 2,8 проценти, а се очекува сличен раст и во наредниот период. Стабилизирање на цената се очекува кон крајот на месецот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кубанските војници разочарани од „предавството“ на руските…
Кубанската војска остро реагираше на одлуката за…
Стармер во разговори со сојузниците за можно…
Британскиот премиер Кир Стармер води разговори со…
Аца Лукас: Ноќеска се обидоа да ме…
Српскиот пејач Аца Лукас објави на Инстаграм…
Нападната бугарската амбасада во Скопје
На 11 јануари годинава, непознато лице изврши…
Македонката Galanthus subalpinus од Кораб – новооткриен,…
На повисоките падини на Кораб во Северна…