Објавено на:

Кулеба ги искара светските лидери: Доста е од полумерки и изговори

t

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулебаупати критики до светските лидери за, како што рече, нивните „изговори и радиуси“ и ја повика Европската унија да воведе ембарго на руската нафта.

„ Ако светските лидери и компании се сериозни за ставање крај на руските воени злосторства, тие прво мора да му ги одземат приходите од нафтата на Путин. Имаше многу изговори и полумерки додека Украинците се бомбардирани, убивани, мачени и силувани“, напиша Кулеба на Твитер.


Според шефот на украинската дипломатија, руската нафта е полна со украинска крв.

„ Престанете да го купувате!“, напиша Кулеба.

Тој изјави дека е неопходно ЕУ да воведе „вистинско ембарго“ за руската нафта, додавајќи дека Русија „очајно се обидува да ги заобиколи веќе воведените ограничувања“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба: Добиваме повеќе оружје и друга помош!

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба…