Кучињата во Карпош не биле од Албанија туку ЈП „Лајка“ не може да ги собере!
Викеденов на социјалните мрежи се појавија фотографии од граѓани кои покажуваат како глутница кучиња слободно се движи во Карпош, наспроти ТЦ „Сити Мол“. Веста создаде паника кај жителите на Скопје, а според инфромациите кои кружат кучињата биле донесени од некаде, нападнале жена и предизвикале страв кај случајните минувачи.
(Фото) Глутница кучиња кај Сити Мол – Граѓаните алармираат на социјалните мрежи не се движете тука!
Вчера од здружението за заштита „Анима Мунди“, излегоа со соопштение во кое бараат итна и независна истрага поради организирано нелегално внесување и дислоцирање на кучиња во Скопје.
Според нив ЈП „Лајка“ нема оставено или испуштено ваква бројка нестерилизирани и необележани кучиња на ниту една локација во Скопје. Дополнително во нивното соопштие стои дека на терен биле пронајдени и кучиња со ушни маркици од Република Албанија, што отвора сериозни сомнежи за нелегален, можен прекуграничен транспорт и напуштање животни.
Анима Мунди: Глутници кучиња од Албанија преку ноќ се појавија во Скопје
Истовремено ЈП „Лајка“ соопшти дека екипи на претпријатието се излезени на терен и ги заловуваат кучињата кои преку ноќ „никнаа“ во Карпош. Тие се надоврзуваат на соопштието на „Анима Мунди“ и сметаат дека кучињата се „нови“ и донесени од некоја друга локација. Како што тврдат од „Лајка“ тие во изминатите два месеци, од истата локација се заловиле вкупно 19 кучиња.
Според нив и покрај тоа што тие се на терен, континуирано се појавуваат нови кучиња на истата територија. Како што пишува во соопштението тоа укажува на сериозен сомнеж дека одредени лица или субјекти организирано вршат дислокација на бездомни кучиња во Скопје, наместо да преземат законски и хумани мерки за нивен третман во општините од каде потекнуваат.
„Лајка“ ги заловува кучињата кои се појавија во Карпош
Денеска Тина Петрушевска, поранешната дирекотрка на ЈП „Лајка“ на својот Фејсбук профил, објави текст во кој наведува дека приказната за бездомните кучиња кои се појавиле не е точна и лесно може да се провери дали истите се донесени од Албанија.
„И не е дека не може да се дознае од каде е маркицата ТР 006, може, ама очигледно не им одговара. ЗОШТО на пример никој не го провери кучето дали има микрочип?! Секој прав активист/здружение нема да го остави тоа така! Особено ако себеси се декларирате за “стручни”, “искусни” познавачи на проблематиката. Полесно е да се игра на карта наивност и жртва отколку да си го признаат фактот дека за време на нивниот мандат не најдоа одржлив механизам за справување со глутниците кучиња“, пишува Петрушевска.
Според неа само со едно пребарување може да се види какви маркици се ставаат во Тирана. „Во Тирана се користат правоаголни маркици, зелени за кучиња кои се пријателски настроени и жолти за оние кои се порезервирани.“
Таа додава дека дека ЈП Лајка не може сама да го реши проблемот, а и нема да може бидејќи користи оправдувања и изговори.
Поранешната дирекотрка објави слика од кучето Нела, со маркица ТР 006, кое има и микрочип, а е вкацинирано во Општина Теарце, со што се покажува дека озната ТР е за Општина Теарце, а не Тирана.
„Дали 15те кучиња кои едноставно викендов си преминале од мостот од ромското маало во Карпош треба да бидат предмет на јавна дебата и изговори“, прашува Петрушевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кучињата во Карпош не биле од Албанија…
Викеденов на социјалните мрежи се појавија фотографии…
„Лајка“ ги заловува кучињата кои се појавија…
По огромниот револт на јавноста по социјалните…
Анима Мунди: Глутници кучиња од Албанија преку…
Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…
(Видео) На еден или друг начин, Гренланд…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Силни поплави ја погодија Албанија: Едно лице…
Едно лице се удави во поплавите што…