Објавено на:

Лавров: Европејците му го матат умот на Трамп, ние ја признаваме независноста на Украина

t

Коментирајќи го најавениот, но одложен состанок меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп во Будимпешта, рускиот министер Сергеј Лавров изјави дека иднината на средбата зависи од американската страна која го иницирала самитот.

Европските „јастреби“ и Зеленски се обидуваат да го оддалечат претседателот Доналд Трамп од логиката што тој повеќепати ја изнесувал во минатото, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за унгарскиот Јутјуб канал „Ултраханг“, објави Министерството за надворешни работи на Русија.

Тој изјави дека од дипломатска гледна точка, Кремљ не сака да се меша во внатрешните размислувања на Вашингтон.

– Не сакаме да создадеме непријатност за САД, кои се под огромен и неверојатен притисок од европските „јастреби“, Зеленски и од други кои не сакаат никаква американско-руска соработка во која било област. Постојат доволно луѓе кои не се многу пристојни и кои се наметнуваат на политичарите во Вашингтон, користејќи ги сите можни средства за да го поткопаат процесот што можеше да ги постигне своите цели уште одамна. И една многу значајна работа е тоа што тие се обидуваат да го оддалечат претседателот Трамп од логиката што тој повеќепати ја изнесувал во минатото – посочи Лавров кој потсети дека уште пред инаугурацијата, Трамп изјавил оти НАТО не смее да се вмешува во Украина, бидејќи Русија не може да толерира алијанса на своите граници – став што тој го оценил како разбирлив.

„Русија ја признава независноста на Украина“
Министерот изјави дека Русија ја признава независноста на Украина, но дека „се спротивставува на обидите на Киев да уништи сè што е руско“.

–Ние ја признавме Украина врз основа на нејзината сопствена Декларација за независност и Устав. Во 1990 година беше усвоена Декларација за независност, која зборуваше за ненуклеарна, неутрална, вонблоковска држава, која ги признава правата на сите национални малцинства итн. И ова потоа беше вградено во уставот на земјата. Значи, ние признаваме Украина која е значително различна од земјата во која моментално владее отворено нацистички режим – обвини Лавров.

Кога ќе бидат постигнати целите на Русија?
На прашањето кога Русија ќе може да каже дека нејзините цели во Украина се постигнати, Лавров одговори дека целите на Русија „никогаш не се промениле“.

Тој објасни дека Москва контролира делови од територија надвор од регионите Донецк и Луганск, кои официјално се вклучени во рускиот устав, бидејќи, како што рече, на земјата ѝ е потребна „тампон-зона“.

Шефот на руската дипломатија рече дека по „пучот“ во 2014 година, кога беше соборен поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, жителите на Крим одржале референдум, а потоа истото го направиле и Донецк и Луганск, одлучувајќи да станат дел од Русија.

„Од САД зависи кога ќе се сретнат Путин и Трамп“
Коментирајќи го најавениот, но одложен состанок меѓу рускиот претседател Путин и Трамп во Будимпешта, Лавров изјави дека иднината на средбата зависи од американската страна која го иницирала самитот.

Министерот додаде дека Кремљ ја споделува оценката на Трамп дека прашањата поврзани со решавањето на украинскиот конфликт се решливи и нагласи дека Русија е подготвена да ги продолжи контактите со САД со темпо што ќе ѝ одговара на американската страна.

Тој потсети и дека западните политичари од пролетта зборуваат за „итен прекин на огнот без предуслови“, меѓу кои ги спомена Марк Руте и Емануел Макрон. Лавров забележа дека Макрон, иако повикува на прекин на огнот, истовремено изјавил дека тоа не значи запирање на испораките на оружје за Украина.

Во врска со изјавите на британскиот премиер Кир Стармер, кој тврди дека Путин не сака мир, Лавров му порача „да се потсети на постапките на европските лидери, вклучително и на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, како и на германските и француските политичари кои ги потпишале Минските договори, но подоцна признале дека никогаш немале намера да ги спроведат, иако тие биле одобрени од Советот за безбедност на ОН“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Европејците му го матат умот на…

Коментирајќи го најавениот, но одложен состанок меѓу…

Рама: Албанската министерка создадена со вештачка интелигенција…

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека министерката…

САД и Кина постигнаа прв договор за…

САД и Кина постигнаа прелиминарен трговски договор…

Светот на раб на нов конфликт: Трамп…

Светот повторно е во состојба на тензии…

Рамиз Мерко влегува во Влада?! Ќе ги…

НЕЗАВИСНАТА ЛИСТА „МЕРКО“ КОН ВЛЕЗ ВО ВЛАДАТА!…