Објавено на:

Лавров: Нема да ги толерираме крадачките навики на Западот – Киев ги саботира преговорите, самиот Зеленски има “седум петоци во неделата”

t

Русија нема намера да ги толерира крадачките навики на западните земји и нема да дозволи да ги украдат парите заработени од извозот на нафта и гас, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за италијанската телевизиска компанија „Медиасет“.

Властите во Киев се обидуваат на секој начин да ги извлечат украинските радикали кои останаа таму од „Азовстал“, бидејќи меѓу нив може да има западни офицери и платеници, изјави шефот на руската дипломатија, додавајќи дека Москва нема вештачки да ги приспособи роковите за завршување на специјална воена операција.Украина до 9 мај.

Москва нема за цел да го смени режимот во Киев, тоа го прави само САД, вели Лавров и додава дека Русија била принудена да развие хиперсонично оружје, знаејќи дека против неа ќе биде насочен американскиот противракетен систем.
Шефот на руското МНР изјави дека Киев ги саботира преговорите со Русија, а самиот Володимир Зеленски има „седум петока во неделата“!

Сергеј Лавров напомена дека Руската Федерација не бара предавање од претседателот на Украина, туку да нареди прекин на отпорот.

Во Украина нема член на Вагнер, на режимот во Киев му треба приказна за тоа за да се сврти вниманието од западните платеници, изјави рускиот министер за надворешни работи во интервју за италијанската телевизија Медиасет, додавајќи дека „САД и Канада обучувале неонацисти. Единиците кои се приклучија на редовите на редовната украинска армија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски до фестивалците на Гластонбери: Проширете ја…

Покрај сите светски имиња како Били Ајлиш,…

Зеленски: Ова е победа, чекавме 120 дена…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече „победа“…

(Видео) Зеленски: Утре започнува историска недела, ќе…

Мислам дека на сите им е очигледно…

(Видео) Се додека сте живи постои силен…

По враќањето од фронтот на југот на…

Зеленски со тајни наредби од Западот: Еве…

Економските штети што овие европски земји ги…