Објавено на:

Лавров: Путин ги цени мировните напори на Кина, Бразил и другите партнери на Русија

t

Рускиот претседател Владимир Путин за време на преговорите со кинескиот лидер Си Џинпинг потврди дека Русија ги цени напорите на Бразил, Кина и другите стратешки партнери за изнаоѓање начини за мирно решавање на конфликтот во Украина, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Владимир Путин потврди дека ја цениме желбата на Кина, Бразил и другите наши стратешки партнери од глобалниот југ да бараат мирен начин за решавање на овој конфликт. Претседателот Путин потврди дека сме подготвени за преговори“, рече Лавров.

Тој потсети дека секогаш кога се чинеше дека преговорите започнале и дека доведоа до некаков резултат, властите во Киев се оддалечувале од договорот, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…

Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…

Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…

Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…

Македонската амбасада во Киев погодена во руски…

Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…

Путин: Подготвен сум на компромис со Трамп…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека…