Ладни училници и радијатори, учениците од ГУЦ “Здравко Цветковски” порано пуштени дома

t

Ладни училници, поради немање парно учениците од средно градежно И гимназиско училиште „Здравко Цветковски“ денеска беа пуштени порано дома.

Според информации од ученици и родители наставата била скратена и часовите траеле триесетина минути. Дел од родителите бараат одговори зошто парното не се поправа и интервенира за време на распуст и пред грејната сезона да почне.

Телевизија 24 се обиде да добие став и од раководството на училиштето но од таму не сакаа да коментираат официјално за проблемот. Директорката не сакаше да одговори на нашите повици и прашања, а раководителка во училиштето во неформален разговор потврди дека е направена санацијата и се очекува веќе за втора смена да има топлинска енергија во објектот.

Од град Скопје пак потврдија дека има проблем со парното во ова средно училиште – попуштен дихтон на изменувачот за Топлинска енергија.

Град Скопје

– Системот во моментов е саниран и е во фаза на тестирање. На дефектот работи фирма во соработка со ЕСМ.

Од градот во дописот рекоа дека се работи на целосна санација на проблемот а дотогаш училиштето за затоплување во сите училници може да ги користи клима уредите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ладни училници и радијатори, учениците од ГУЦ…

Ладни училници, поради немање парно учениците од…

Трамп не се шегувал, сепак ќе прави…

Администрацијата на Доналд Трамп откри бизарни нови…

Беливук и Миљковиќ сакале да „го предадат…

Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, припадници на…

ПОЗНАТ ДАТУМОТ! ССМ најави масовен протест на…

Сојузот на синдикатите на Македонија најави масовен…

Со гаранција во недвижен и движен имот…

Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул…