Лазаров: Матичните лекари се пред kолапс, ФЗО масовно kaзнува ретроградно за 2019 година

t

Она што сакам да го потенцирам е дека денеска веќе и изминативе денови кулминира овој револт што е кај колегите бидејќи од пред Нова година и претходно, но меѓутоа посебно сега е нешто интензивирано да колеги масовно добиваат казни ретроградно за 2019-та година, 2020-та година па дури и за 2021 година. Иако имаше формален договор со Фондот за здравство да се стават во мораториум такви казни односно административни пропусти бидејќи ние се соочивме со една страшна ситуација каде што да речеме пациент ако има хронична терапија со хипертензија и согласно важечките правила на шест месеци треба да оди на контрола кај својот интернист или кардиолог сеедно. И врз база на тие извештаи ние работиме со нив и ја ординираме хроничната терапија, меѓутоа во овие сите услови беше и се уште тотално невозможно ние на редовна база да ги обавуваме тие работи, па колеги се казнети заради тоа што извештај бил 7-8 месеци поминат веќе да речеме и сега се казнуваат лекарите по две години, истакна Ненад Лазаров во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Лазаров додаде дека има многу казни и тоа насекаде низ државата.

„Огромен револт се створи бидејќи ние за цело време само нешто ни се наложува како обврска што треба да го одработиме, без да бидеме прашани што можеме, а што не можеме, колку можеме од тоа да поднесеме. Бидејќи видете освен овие административни обврски што ги имаме на секојдневна база кои што се огромни, кои што се зголемуваат од ден на ден буквално ние мораме да работиме и медицина со КОВИД пациенти и со не КОВИД пациенти, и хронична популација“, рече Лазаров.

Лазаров посочи дека сега се пред колапс ситуација. Па дури одредени ординации на матични лекари се во колапс ситуација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Лазаров ги пофали ракометарите: Многу сум среќен…

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров,…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…