Латиноамериканки затекнати во угостителски обијект во Тетово, при полициска акција против трговија со луѓе
Тетовската полиција во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе од Скопје, во текот на ноќта спровеле акциска контрола на два угостителски објекти во кои биле затекнати 30 млади девојки кои тука работеле.
Меѓу нив имало и девојки кои дошле дури од земји од Латинска Америка, а во угостителските објекти најчесто работеле како келнерки и танчерки иако има сомневања дека се дел и од трговија со луѓе. Но, не само од Латинска Америка, имало девојки и од Русија. Србија и Албанија.
„На 09/10.08.2025 во периодот од 23:30 до 02:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе Скопје, спроведоа акциска контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на Ј.Ф.(48) од с.Желино и во угостителски објект во Тетово, во кој како управител се пријавил И.А.(22) од Тетово. При контрола во објектите биле затекнати 30 женски лица од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија затоа што било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против странските државјанки, сопственикот и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ се вели во соопштението испратено од СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Латиноамериканки затекнати во угостителски обијект во Тетово,…
Тетовската полиција во соработка со Националната единица…
Тајани: Воените планови на Израел се закануваат…
Шефот на италијанската дипломатија му порача на…
Големи пожари во Албанија, се очекува помош…
Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди…
Полициските хeликоптери во акција: Се фрла вода…
Полициските хеликоптери фрлија повеќе од 80 тони…
Вучиќ: Средбата Путин-Трамп е важна, не сум…
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше најавената…