ЛДП бара претседател: Ристо Пенов станува министер
Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница го прифати предлогот на извршниот одбор за започнување со подготовки за одржување на редовното Собрание на партијата, ја разгледа оставката на партискиот лидер Горан Милевски на местото министер за локална самоуправа и го прифати предлогот Ристо Пенов да биде негов наследник на оваа позиција во Владата.
– Централниот одбор се заблагодари на досегашниот ангажман на Милевски, на успешното менаџирање со Министерството и на придонесот за регионалниот развој на државата – велат од ЛДП.
Како што посочуваат од партијата согласно Статутот на ЛДП, формиран е организациски одбор во чиј состав се избрани Боби Мојсоски, Димитар Ванчов, Билјана Аврамоска – Ѓореска, Дејанчо Цветановски, Валентин Груевски и Ивица Тодоровски.
– До Конгресот ќе се одржат уште две седници на централниот одбор со цел подготовка на Конгресот. На следниот состанок, кој се очекува да се одржи следната недела, ќе бидат разгледани и предлог датуми за одржување на Конгресот – додаваат од ЛДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инцидент на блокадите во Нови Сад: Автомобил…
На блокадите во Нови Сад се случи…
Кривична пријава за обид за убиство: Еден…
Полицијата поднесе две кривични пријави против две…
Пензионери од Батинци, фатени со 200 куршуми…
Брачна двојка пензионери од скопското село Батинци…
Харадинај: На Косово му треба аеродром за…
Лидерот на косовската партија АБК и кандидат…
Целосен колапс на украинската армија: Одбраната „пука“
Западот ја забележува намалената способност на Украина…