Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика
Додека цените на нафтените деривати на светските пазари осцилираат од час во час, цените на бензинските пумпи во Македонија остануваат тврдоглаво високи согласно куповната моќ. Ова е резултат на систем во кој државата и нафтените компании функционираат во симбиоза на штета на граѓаните. Наместо вистинска конкуренција и брзо пренесување на падот на цените до потрошувачите, пазарот на горива кај нас е силно концентриран во рацете на неколку големи компании, кои практично ја диктираат ценовната политика, се вели во соопштението на Левица.
– Во вакви услови, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која треба да биде заштитник на јавниот интерес, со своите правилници и методологии ја бетонира високата основица за пресметка на цените. Наместо итно да интервенира, РКЕ се повикува на административни процедури, со што им остава простор на нафтените компании да ги задржат високите маржи и да остваруваат екстра-профити.
Правниот проблем е уште поочигледен ако се земе предвид дека Законот за енергетика предвидува заштита на потрошувачите како една од основните цели на регулацијата. Законот овозможува и ВОНРЕДНИ КОРЕКЦИИ на цените во услови на значителни пазарни промени. Наместо да ја користи оваа законска можност за да го ублажи ударот врз граѓаните, РКЕ практично дозволува цените да се задржат високи, иако условите на пазарот веќе се променети.
Ваквата состојба создава идеална средина за олигопол, односно пазар на кој неколку големи играчи го контролираат снабдувањето и цените. Во економската теорија ова се нарекува пазарна концентрација со ограничена конкуренција, каде што цените не се одредуваат исклучиво од пазарната логика, туку и од координираното однесување на доминантните компании. Резултатот е добро познат – цените бавно паѓаат кога светските берзи паѓаат, но експресно растат кога има поскапување.
Наместо институциите да внесат стабилност и предвидливост, тие дозволуваат атмосфера на неизвесност која дополнително ги турка граѓаните кон панично купување.
Проблемот станува уште поочигледен кога ќе се види каде завршуваат средствата собрани од ваквите цени преку акцизите и ДДВ-то. Наместо тие приходи да се инвестираат во подобро здравство, образование или социјална заштита, власта ги насочува кон скапи воени набавки, НАТО-обврски и сомнителни тендерски зделки. Така парите собрани од грбот на народот не се враќаат назад кај граѓаните, туку завршуваат во политичко-клиентелистички шеми.
Затоа Левица предупредува дека сегашниот модел на регулација е длабоко неправеден и структурно погрешен со силна тенденција за амнестирање од одговорност на власта. Наместо независен регулатор кој ќе го штити јавниот интерес, се создаде систем во кој енергетскиот пазар е заложник на неколку големи компании и позадински – политичките интереси на власта.
Левица бара укинување на Регулаторната комисија за енергетика и нејзино пренесување во рамките на Министерството за енергетика, како и за воспоставување нов модел на регулирање, со силни механизми против пазарна концентрација, транспарентно формирање на цените и директна заштита на потрошувачите, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за…
Додека цените на нафтените деривати на светските…
АП: Ако Ормускиот Теснец остане затворен, цената…
Продолжувањето на војната со Иран без јасен…
Владата организираше ифтарска вечера – Мицкоски: Почитта…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва беше домаќин на…
Лариџани: Војната не се добива со твитови,…
Војна не може да се добие со…
Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е…
Состојбата со енергенсите будно се следи и…