Левица: Власта одби зголемување на посебниот додаток за лица со попреченост
Владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ го одби амандманот на пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил-ХАКТАН, со кој се бараше зголемување на посебниот додаток за лицата со попреченост, објавија од политичката партија Левица.
– Амандманот предвидуваше овие средства да се обезбедат без да се кратат пари од социјални програми, туку преку намалување на расходите за НАТО, за кои државата веќе издвојува несразмерно многу во споредба со сиромашните буџети за социјална заштита.
Со оваа одлука власта уште еднаш покажа дека интересите на најранливите не се на нејзината агенда. Додека лицата со попреченост со години чекаат посериозна поддршка, државата продолжува да троши на приоритети од кои граѓаните немаат никаква корист. – стои во објавата на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Културата е официјално деградирана
Културата е официјално деградирана, реагираат од политичката…
Пратениците на премиерот енергетичар одбија проектот Чебрен…
Пратениците на премиерот енергетичар одбија проектот Чебрен…
Нови амбулантни возила и изградба на Центар…
Пратеничката група на Левица поднесе амандмани на…
Стефковски ќе протестира сам против своето неработење,…
Стефковски ќе протестира сам против своето неработење,…
Левица: Мицкоски е отсечен од реалноста, младите…
Последната изјава на премиерот Мицковски дека размислувал…