Левица: ДПМНЕ одби дуплирање на поврат на ДДВ и повеќе пари во џебот на народот

t

ВМРО-ДПМНЕ одби дуплирање на поврат на ДДВ и повеќе пари во џебот на народот, соопштија од Левица.

– Денес во Собранието беше одбиен и предлогот на пратеничката група на Левица за измени на Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица, со кој се предвидуваше значително зголемување на износот што граѓаните можат да го добијат назад преку системот „Мој ДДВ“.

„Нашиот предлог и интервенција во овој закон е заснован на истите цели и начала со коишто законот веќе постои, со разлика на тоа што практично максималниот износ за поврат на ДДВ го зголемуваме од две илјади сто денари на четири илјади сто денари по лице по тромесечие.“

Образложи пратеникот од Левица, м-р Реџеп ИСМАИЛ – Хактан, појаснувајќи дека за да стане достижен овој повисок износ, се предлага и зголемување на процентот на поврат за производите и услугите.

„Повратот за македонските производи и услуги се зголемува од 20% на 40%, а повратот за останатите производи и услуги од 10% на 20%. Со ова максималниот износ од 4.100 денари по лице по тромесечие станува достижен, исто како што сега е достижен износот од 2.100 денари.“

Со одбивањето на оваа мерка, власта пропушти можност да им остави повеќе пари на граѓаните, во период кога растот на цените сериозно го притиска животниот стандард. Левица останува на ставот дека даночниот систем мора да стане поправеден, со политики кои ќе ја штитат куповната моќ на работниците и ќе го намалат товарот што денес непропорционално најмногу и најсилно паѓа токму врз граѓаните. – соопштија од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: ДПМНЕ одби дуплирање на поврат на…

ВМРО-ДПМНЕ одби дуплирање на поврат на ДДВ…

На дневен ред предлозите на Левица за…

Денес на дневен ред во Собранието се…

ВМРО-ДПМНЕ: изразуваме сериозна загриженост кон Заев и…

Македонија е безбедна и спремна за евентуална…

Од ВМРО прашуваат за колку пари Заев…

Дали и колку пари Филипче и Заев…

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка…

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка…