Левица: ДУРИ НИ ГРУБИ ПРВИЧНО НЕ СЕ ПОЖАЛИЛ НА БЕЗБЕДНОСЕН РИЗИК

t

Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно. Директорот на истражниот затвор јавно соопшти дека нема поплаки, дека е извршен лекарски преглед и дека неговата безбедност е гарантирана. Само неколку часа подоцна, Министерството за внатрешни работи на чело со Панче Тошковски и Агенцијата за национална безбедност со Бојан Христовски, презентираат проценки без воопшто да направат каква било проценка, дека неговата безбедност не може да се гарантира, по што обвинителството го прифаќа тоа како клучен аргумент за замена на притворот со куќен притвор.

Ова отвора сериозно прашање за кредибилитетот и мотивите зад ваквата „проценка“. Ако не постоела конкретна пријава, ако надлежните во затворот тврдат дека безбедноста е обезбедена, тогаш од каде произлегува драматичната промена на наративот во рок од неколку часа? Очигледно, станува збор за конструирано алиби за поблага мерка. Јавноста има право на јасен и аргументиран одговор, не на контрадикторни изјави, а сега и молк од МВР и АНБ.

Но, дури и хипотетички да постои одреден безбедносен ризик, обезбедувањето сигурност во притворските установи е директна надлежност и обврска токму на државните институции. Ако тие проценуваат дека постои ризик, тогаш нивна должност е да го неутрализираат преку засилени мерки на обезбедување, изолација или посебен режим во рамки на затворот, а не магично да ја укинуваат мерка. Во спротивно, државата испраќа порака дека не е способна да го спроведе сопствениот систем на притвор, или дека не сака да го спроведе кога станува збор за високи функционери.

Особено загрижува што станува збор за лице кое 14 месеци беше во бегство и за кое е распишана меѓународна потерница, осомничено за злоупотреби во милионски износи. По секоја правна логика, тоа е отежнителна околност. Наместо тоа, добиваме повластен третман заснован на флоскули од институции под раководство на ДПМНЕ. Прашањето што се наметнува е едноставно: дали истиот стандард би важел за обичен граѓанин? Колку притвореници без политичка тежина добиле куќен притвор затоа што државата не можела да им гарантира безбедност?

#Левица оценува дека ваквата одлука создава опасен преседан безбедносните служби да станат инструмент за релативизирање на притворот кога станува збор за политички елити. Безбедноста не смее да биде изговор за привилегија. Ако државата не може да обезбеди сигурност во сопствен затвор, тоа е пораз на институциите. Ако може, а сепак одлучува поинаку, тогаш станува збор за селективна правда. Во двата случаи, одговорноста директно посега по ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: ДУРИ НИ ГРУБИ ПРВИЧНО НЕ СЕ…

Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди…

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од Груби…

Венко Филипче и СДС се единствените кои…

Филипче: Урнат е правниот систем – за…

Со доаѓањето на Артан Груби се случи…

Обвинителите против запирање на растот на платите…

Пред да започне расправата во Собранието за…

Цветков: Минималната плата не е само бројка,…

Минималната плата не е само бројка, туку…