Левица: Инфлацијата ја јаде платата, куповната моќ во слободен пад

t

Во услови на забрзана инфлација и структурна нееднаквост, бројките се директен одраз на квалитетот на живот. Последните податоци на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека за три месеци трошоците за живот пораснале за над 2.300 денари, додека најавеното усогласување на минималната плата изнесува 1.667 денари, реагираат од политичката партија Левица.

– Јазот меѓу растот на платите и трошоците е резултат на погрешни економски приоритети. Со синдикалната кошничка од 68.000 денари значителен дел од работниците живеат под прагот на достоинствен живот. Ова ја намалува внатрешната побарувачка, ја зголемува задолженоста на домаќинствата и ја продлабочува сиромаштијата. Ваквите политики директно влијаат врз намалување на животниот стандард и создаваат долгорочна економска нестабилност на граѓаните и економијата во целина.

Дополнителен притисок создава растот на цените на енергенсите. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ за три месеци е зголемена за 27,5 денари по литар, што претставува сериозен удар врз буџетот на граѓаните. Ваквото поскапување има директен ефект врз транспортот, храната и услугите. Во вакви услови номиналното зголемување на платите кое не ја следи реалната инфлација не значи подобрување, туку реално намалување на куповната моќ и влошување на животниот стандард.

Проблемот е во системот кој дозволува профитите да растат побрзо од платите, а државата не интервенира доволно за заштита на трудот.

Затоа, Левица предлага конкретни и системски решенија: ограничување на маржите во клучните сектори, намалување на стапката на ДДВ за храна, енергенси и основни услуги, намалување на акцизата на горивата и ефективна контрола на цените во услови на економска криза. – велат од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Инфлацијата ја јаде платата, куповната моќ…

Во услови на забрзана инфлација и структурна…

Левица: Скандал со народните кујни, наместо за…

Додека државата плаќа 239 денари по оброк…

Левица: Мицкоски ноншалантно на граѓаните им ги…

Зголемувањето на цената на горивата за нови…

(Видео) Мециновиќ: Учеството во воени мисии да…

Пратеничката група на Левица во Собранието ќе…

Левица: Жртвите од Кочани заслужуваат правда

Денес се навршува една година од трагедијата…