Левица: Лимани ја отежна постапката за добивање на туѓа нега
Министерот Лимани ја отежна постапката за добивање на туѓа нега, реагираат од политичката партија Левица.
– Новиот Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице, донесен од министерот Фатмир Лимани, наместо да ги олесни постапките, системот се усложнува, а одговорноста дополнително се префрла врз граѓаните.
Иако формално се најавува поедноставување, новите измени воведуваат дополнителни оптоварувања и тоа задолжително доставување на наод, оцена и мислење од стручна комисија уште при поднесување на барањето.
Ова во реалност значи дополнително административно оптоварување за граѓаните,
подолг пат до остварување на правото и потенцијално создавање на нови чекања и застои. Наместо побрза и поефикасна услуга, постои ризик процесот да стане посложен и потежок, особено за лицата на кои помошта им е најпотребна.
Со вакви сложени бирократски процедури очигледно е дека намерата е што повеќе луѓе да се откажат од остварување на ова право, а се со цел кратење на средствата од Буџетот наменети за назагозените.
Бараме министерот Лимани да донесе решенија што навистина ќе ги намалат процедурите, а не што ќе создаваат нови бариери. – велат од Левица.
Во продолжение новиот Правилник.
https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/regulativa-od-oblasta-na-socijalnata-zastita-file-PZjw.pdf
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Лимани ја отежна постапката за добивање…
Министерот Лимани ја отежна постапката за добивање…
Левица: Архиварката која ги заглавуваше предметите во…
Архиварката која по налог на Цвета и…
ГАК: Имаше кус прекин на струја, но…
Клиниката за Гинекологија и акушерство испрати реакција…
Левица: Спрегата помеѓу власта и олигархијата ги…
Спрегата помеѓу власта и олигархијата ги остави…
Левица: Дали инкубаторите на ГАК престанале да…
До Левица стигна дојава дека во петокот…