Левица: Наместо да ја решава кризата, Трипуновски ги напаѓа земјоделците што протестираат
Левица обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ не познава, како што велат основни човечки карактерни вредности како висок морал, транспарентност, отчетност, почит и сочувство, поради координиран личен напад врз земјоделците и сточарите кои протестираа и ги бараа правата кои им следуваат.
-Министерот за земјоделство во заминување, Цветан Трипуновски, во обид да му се додвори на премиерот Мицковски пред најавената реконструкција на Владата за да ја задржи фотелјата која ни малку не му прилега, приредува ток – шоуа низ градовите со партиски членови и послушници. Но, кога на тие настани ќе се појават вистински земјоделци и ќе постават конкретни прашања за реални проблеми, потсетувајќи го министерот на сите претходно искажани лаги и неисполнети ветувања од негова страна, тие се етикетираат, се оцрнуваат и јавно се дискредитираат, стои во партиското соопштение.
Дека овој министер и оваа влада се без компас, истакнуваат од Левица, потврдува и фактот што по повеќе од еден месец од кризата со цените и горивата, е уште нема донесено ниту една антикризна мерка за стабилизација на пазарот на прехранбени производи, како и обезбедување на зелена нафта за земјоделците.
-Следствено на ова, како партија на работниците и земјоделците, уште еднаш го повторуваме нашето барање за оставка на министерот Цветан Трипуновски. Од владата бараме итни антикризни мерки со кои ќе им се помогне на земјоделците и граѓаните, наведуваат од опозициската партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Наместо да ја решава кризата, Трипуновски…
Левица обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ не познава, како…
Левица: Велигденската трпеза стана луксуз поради игнорантскиот…
Најавите за ограничување на профитните маржи по…
Левица: Лимани ја отежна постапката за добивање…
Министерот Лимани ја отежна постапката за добивање…
Левица: Архиварката која ги заглавуваше предметите во…
Архиварката која по налог на Цвета и…
ГАК: Имаше кус прекин на струја, но…
Клиниката за Гинекологија и акушерство испрати реакција…