Левица: Нема класно без национално ослободување!

t

Нема класно без национално ослободување порачаа од политичката партија Левица во објава на Фејсбук.

– НЕМА КЛАСНО БЕЗ НАЦИОНАЛНО ОСЛОБОДУВАЊЕ – ПРОВИЗИИТЕ СЕ КАЧЕНИ ВО КОРИСТ НА СТРАНСКИОТ КАПИТАЛ КОЈ УЧЕСТВУВА СО 76,3 ОТСТО ВО „ДОМАШНИТЕ“ БАНКИ

Македонската економија има големо присуство на странски банки во домашниот банкарски систем – дури 76.3 отсто! Доколку се анализира движењето на промените во сопственичката структура на банкарскиот систем низ годините се забележуваат драстични промени во корист на странскиот капитал.

Позначителен скок во промената на сопственичката структура е забележан во текот на 2007 година поради премин на капиталот во доминантна сопственост кај странски акционери.‼️

Доминантни акционери се странците, иако доминантен дел од финансирањето доаѓа од домашните депозити. Влезот на странскиот капитал е поврзан со повисоки камати, провизии и надоместоци, на сметка на домашното население. Власта, која нема храброст ниту политичка волјја да се спротивстави на лихво-банкарството, ги држи вратите ширум отворени за влез на странски капитал.

Левица во својата програма предвидува воведување државна комерцијална банка за беска­матно кредитирање на населението, а преку која вра­ботените во јавниот сектор ќе ги примаат своите плати. Ова ќе придонесе за намалување на вишокот на ликвидност на банките и ограни­чување на екстра-профитите и бонусите на банкарите.

Левица се залага за ограничување на банкарските провизии, и каматни стапки и укинување на зеленашките т.н. „брзи кредити“, по­ради лихварски камати и предизвикување должничко ропство на народот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…

Левица бара од министерот за здравство, Арбен…

Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла

Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…

Левица: Слободата на Груби е колективен договор…

Слободата на Груби е колективен договор на…

Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…

ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…