Левица објави јавен повик: Секој кој сака да биде кандидат за градоначалник може да се пријави

t

Левица објави јавен повик за кандидати за градоначалници.

Во продолжение нивното соопштениe:

🌟Левица била и ќе остане гласот на обесправените, на работниот народ, на оние кои секојдневно се борат за достоинствен живот во оваа земја. Ние веруваме во огромниот потенцијал на нашата држава – потенцијал кој не е во рацете на елитите, туку кај чесните, способни и одлучни граѓани. Доаѓа време кога градоначалничките функции мора да ги заземат луѓе со визија, со интегритет и принципи – луѓе кои не се плашат да се спротивстават на системот, туку се одлучни да го менуваат во корист на народот.

📣Оттука, согласно Одлука на Президиумот на Левица – објавуваме јавен повик за пријавување на кандидати за градоначалници.

✋КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?

▪️Секој полнолетен граѓанин кој може да е член на Левица, но и партиски неопределен, а кој:

– Се води од принципи, а не од интерес и суета;

– Е подготвен да се фати во костец со корупцијата, криминалот и урбаното дивеење;

– Има конкретна визија за подобра општина и подобар живот.

📥КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

▪️Испратете ја својата кандидатура најдоцна до 10 јули 2025 година на [email protected]

📑ВАШАТА АПЛИКАЦИЈА ТРЕБА ДА СОДРЖИ:

▪️Биографија (CV) според урнек (https://levica.mk/wp-content/uploads/2025/06/CV.docx);

▪️Мотивационо писмо и

▪️10 приоритетни мерки и проекти за Вашата општина како и визија за развојот на Вашата општина

‼️Не смееме повеќе да им го препуштаме управувањето на истите кои со години ја уништуваат нашата сегашност и ни ја крадат иднината. Не смееме да им дозволиме на естаблишментските партии и докажаните криминогени структури да продолжат да ги пустошат нашите општини. Твојата одлука, твојата храброст, може да биде искрата на промената.

❤️‍🔥Ако го носиш во себе гневот од неправдата, љубовта кон народот и визијата за достоинствен живот – исправи се, пријави се.

Историјата не ја пишуваат оние кои чекаат – туку оние што се осмелуваат да дејствуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…

Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…

Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…

Благодарение на силниот и истраен притисок од…