Левица: Јаневска ги остави средношколците од Ресен без превоз – државата штеди на младите

t

Целосната неспособност и игнорантски однос на министерката за образование Весна Јаневска ги остави без превоз средношколците од Ресен на самиот почеток од учебната година! Средношколците се ИЗВИСЕНИ поради негрижа на МОН и за нив нема организиран ученички превоз до Битола и Охрид, а единствената „алтернатива“ што државата ја нуди е сместување во интернат со нехумани услови, кои се под секое достоинство. – се вели во објавата на партијата Левица.

Учениците биле принудени да аплицираат за прием во интернатот, според строги критериуми за оценки и месечни приходи. Според небулозните правила на МОН, само доколку се одбиени, имаат право на надоместок за превоз, иако автобуски линии нема. Средношколците се присилно обврзани да живеат во интернат, дел од нив одбиле поради ужасните и несоодветни услови, како што е недостиг на вода.

Со оваа политика, власта на ДПМНЕ практично ги казнува учениците што сакаат да се образуваат, ги става родителите под финансиски притисок и испраќа јасна порака дека образованието е ПРИВИЛЕГИЈА ЗА МАЛКУМИНА, а не право за сите. Наместо безбедни и достапни услови за образование, и оние млади кои се’ уште не се иселиле – се принудени да патуваат со свој трошок или да живеат во средина опасна по нивното здравје и достоинство.

Градоначалникот на Ресен, ЈОВАН ТОЗИЕВСКИ наместо да молчи пред срамот на неговата партија, должен е во најбрз рок да обезбеди превоз. Со оваа политика, каде владејачката елита штеди на образованието на младите, додека расипнички троши за нејзини привилегии – власта на ДПМНЕ им праќа порака на младите што побрзо да се иселат од држава која НЕ СЕ ГРИЖИ за нивната ИДНИНА .- додаваат од Левица.

Проблемот со превозот на средношколците не е само во Ресен, претходно родителите од Демир Хисар протестираа бидејќи беше укинат и превозот на тамошните средношколци. Со истиот проблем се соочуваат и учениците од Битола и околните населени места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Јаневска ги остави средношколците од Ресен…

Целосната неспособност и игнорантски однос на министерката…

ЦУК: 17 пожари на отворен простор, 2…

На ден 03.09.2025 година, до 18:30 часот,…

Трамп повика Хамас да ги ослободи заложниците,…

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го повтори…

Во Бугарија се запали автобус со 45…

Автобус регистриран во Романија, со 45 туристи,…

Кривична пријава против шест вработени во ЈП…

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола,…