Лекот „мифортик“ што поскапе за 3.450 денари, а се користи за телото да не го отфрли трансплантираниот бубрег, достапен без доплата, зашто генеричките верзии ги нема во аптеките
Лекот мифортик 360, кој пациентите со трансплантиран бубрег мора да го пијат долгорочно, најчесто доживотно, за телото да не им го отфрли трансплантираниот орган, а кој им беше бесплатен со одлука на Фондот за здравство за нив поскапе за 3.450 денари што мораше да ги плаќаат од џеб. Причината за ваквото поскапување беше што на пазарот беа воведени генерички варијанти, кои не се достапни. Ова го принуди ФЗОМ да ги санира последиците од својата одлука и да ја укине доплатата, пишува Слободен печат.
-Со предложеното усогласување на референтните цени, осигурениците нема да ја плаќаат доплатата од 615 денари за Myfortic од 180 mg, односно 1.439 денари за Myfortic од 360 mg, а лекот во двете јачини ќе им биде достапен без доплата по стапувањето во сила на одлуката, велат од ФЗОМ.
Во меѓувреме, Фондот, како што дополнува, доби официјално известување од носителот на одобрението дека двата алтернативни лека на производителот STADA, кои беа вклучени во Шифрарникот како лекови без доплата, во моментот не се достапни на домашниот пазар поради производно-технички причини.
-Со нивната недостапност на пазарот, пациентите повторно би биле изложени на доплата за достапната терапија со Myfortic. Имајќи предвид дека станува збор за специфична категорија пациенти на кои им е неопходен континуитет во терапијата, Фондот пристапи кон изнаоѓање решение со кое дополнителниот финансиски товар нема да падне на осигурениците. Предлогот предвидува усогласување на референтните цени на Myfortic од 180 mg и 360 mg на ниво што ќе овозможи осигурениците да не доплаќаат за лекот. Истовремено, и со ваквото усогласување, трошокот на Фондот за оваа терапија ќе остане понизок во однос на периодот пред постигнатото намалување на цената на Myfortic, информира Фондот.
Материјалот ќе биде доставен на разгледување до Управниот одбор на Фондот на првата наредна седница. по што шифрарникот на лекови ќе се објави на веб-страницата на Фондот. Со ова осигурениците ќе можат да го подигнуваат Myfortic од 180 mg и 360 mg без доплата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лекот „мифортик“ што поскапе за 3.450 денари,…
Лекот мифортик 360, кој пациентите со трансплантиран…