Ле Дриан: Русија може да изврши нaпaд без oружје и да предизвика невозможна ситуација

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска изјави дека доколку Москва ги признае како независни двата отцепени региони во источна Украина, Доњецк и Луганск, поддржани од Русија, тоа ќе претставува „напад без оружје“.
– Доколку тоа се примени, тогаш би било невозможна ситуација и би претставувало еден вид напад без оружје. Тоа би било кршење на суверенитетот на Украина, истакна Ле Дриан во францускиот Парламент.
Кремљ денеска соопшти дека дел од руските војници се враќаат во базите по воените вежби во близина на Украина, додека НАТО и САД соопштија дека допрва треба да видат докази за деескалација што може да спречи војна.
Шефот на француската дипломатија го поздрави сигналот од Русија дека повлекува сили распоредени близу границата со Украина, но ја повика Москва да го спроведе потфатот во дело.
– Зборовите се добри. Чекаме дела. Ако има акции тогаш тоа ќе биде уште подобро, нагласи Ле Дриан во Парламентот. Тој додаде дека забележал некои неодамнешни „наклонети“ руски официјални лица кои укажуваат на отвореност за дијалог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина е крајно суров режим кој се…
Русија во Украина има работа со режим…
Ќе “пукне” ли овде третата светска војна?…
Литванскиот парламент усвои резолуција за покана на…
(Видео) Макрон го повика Џипинг “да ја…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Пекинг…
Џипинг: Да се спречи можна употреба на…
Кина е подготвена, заедно со Франција, да…
Најнова вест – Паника во Брјанската област:…
Во областа Брјанск е запрен обидот на…