Ливит: САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, синоќа изјави дека САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран, и покрај неизвесноста околу одржувањето втора рунда разговори.
„САД никогаш не биле поблиску до склучување навистина добар договор, за разлика од ужасниот договор потпишан од Барак Обама“, изјави Ливит, алудирајќи на нуклеарниот договор од 2015 година што подоцна беше поништен од претседателот Доналд Трамп.
Ливит рече дека САД се блиску до договор, но додаде дека Трамп има повеќе опции доколку не се постигне договор и оти нема да се двоуми да ги искористи. Таа посочи дека претседателот и претходно покажал дека ги спроведува своите најави.
Според Трамп, примирјето договорено меѓу САД и Иран треба да истече во среда. Доколку не се постигне договор, тој најави дека ќе нареди напади врз енергетскиот сектор и цивилната инфраструктура.
Се уште не е познато дали ќе се одржи втора рунда преговори пред истекот на примирјето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ливит: САД никогаш не биле поблиску до…
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, синоќа…
Трамп: Враќањето на збогатениот ураминум од Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека враќањето…
Американската војска објави видео од запленувањето на…
Централната команда на Соединетите Американски Држави (CENTCOM)…
Расте тензијата – Иран очекува можен нов…
Иран е подготвен за можноста од обновување…
(Вознемирувачко видео) Полицаец од Чикаго си ја…
Снимка од телесна камера на полицаец од…