Лишени од слобода возачи од Кичево и Гевгелија, затоа што управувале возила под дејство на алкохол
На 08.12.2025 во 00:30 часот, на магистралниот пат Кичево- Охрид, од страна на полициски службеници од СВР Охрид е лишен од слобода Т.С.(41) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта.
На 07.12.2025 во 23:25 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Б.(45) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксфаген“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Б. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесена кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода возачи од Кичево и…
На 08.12.2025 во 00:30 часот, на магистралниот…
Филипче: Наследството на Св. Климент Охридски нè…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко…
Вода протече низ таванот на Лувр, оштетени…
Во познатиот музеј Лувр во Париз, се…
Апел за внимателно движење во природа, АХВ…
Агенцијата за храна и ветеринарство започна со…
ЕУ ги заострува мерките за мигрантите
Земјите од Европската унија се подготвуваат да…