Објавено на:

Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти од Косово, одат во притвор

t

На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово. Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., при што во возилото „фолксваген“ биле пронајдени седум лица мигранти од Египет и било констатирано дека возилото „шкода“ било претходница. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против косовските државјани е поднесена кривична пријава по член 418-б од Кривичниот законик и им е определена мерка притвор во траење од 30 дена. Тие се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката, додека мигрантите се сместени во во Центар за баратели на азил во Визбегово-Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти…

На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна…

Маж фатен со дрога во Градски парк,…

Млад тетовец уапсен среде ноќ во градскиот…

Тетовец ѝ се заканувал со нож на…

На 24.05.2026 во 12:40 часот во тетовско…