Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина (двајца во Кичево и тројца во Скопје) управувале возило без возачка дозвола, а двајца ( по еден во Неготино и Кичево) управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Велешанец допирал малолетничка кај градскиот пазар
МВР информира дека утринава во 09:05 часот,…
Две жени се степале во пехчевско село
На 29.04.2026 во 09:30 часот во Полициската…
18-годишник прободен со нож на Бит Пазар
18-годишник бил прободен со нож на Бит…
Лажни се дојавите за поставени бомби во…
Денеска (29.04.2026) на електронска адреса на Министерството…