Лишени од слобода три лица од Гостивар, кај нив биле пронајдени дрога, оружје и муниција
На 13.02.2026 во угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Р.(23), З.А.(22) и Н.С.(24), сите од Гостивар. При преглед кај нив, кај А.Р. биле пронајдени осум пакувања со бела прашкаста материја, додека кај З.А. едно пакување со бела прашкаста материја.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Р., при што биле пронајдени и одземени пиштол „берета“ калибар 22мм, пушка карабин „застава“ калибар 8,57, една рамка и вкупно 191 куршуми од различен калибар за кои не поседувал дозвола. По документиеање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода три лица од Гостивар,…
На 13.02.2026 во угостителски објект на ул.„Гоце…
Уапсен маж од Старо Нагоричане, осомничен е…
На 13.02.2026 во 19:30 часот во с.Драгоманце,…
Поднесена е кривична пријава против полицајката од…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Кривична пријава против поранешен директор на Водовод…
Кривична пријава против поранешен директор, поранешен вработен…
Лишени од слобода 15 возачи поради возење…
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници…