Објавено на:

Лубкиевски: Припадници на „Вагнер“ се обиделе да ги убијат Зеленски и Шмихал

t

Советник на украинскиот министер за одбрана, Маркијан Лубкиевски, изјави за Си-Ен-Ен дека озлогласената руска воена група „Вагнер“ била вмешана во наводен заговор за атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмихал.

Тие сакаа да го убијат украинското раководство: нашиот претседател и премиер. Тоа беше целта и неколку од нив беа испратени во Украина без никаков успех, рече Лубкивски, додавајќи дека заговорот го потврдиле украинската разузнавачка служба и специјалните сили задолжени за заштита на Зеленски.

Сите овие документи и потребни докази ќе бидат презентирани пред Трибуналот, кажа тој, додавајќи дека не може да открие повеќе од оперативни причини.

Си-Ен-Ен не може независно да ги потврди овие тврдења.

Групата „Вагнер“ прпат се појави во јавноста за време на руската инвазија на источна Украина во 2014 година. Оттогаш, независните истражувања и истраги на Си-Ен-Ен открија дека приватната воена група дејствувала во Сирија и во неколку земји во Африка. Американските власти и претставниците на човековите права ги обвинија за континуирано кршење на човековите права.

Се верува дека групата е поврзана со Евгениј Пригожин, олигарх близок до Кремљ, што е попознат како „готвачот“ на Путин. Кремљ постојано негира какви било врски со групата.

Лубкивски вели дека украинските разузнавачи ја следеле групата внатре и надвор од Украина и дека неколку оперативци на „Вагнер“ се убиени во Украина. Тие се препознаваат по нивните единствени знаци за идентификација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…

Согласно најновите податоци на Европската агенција за…

Полицаец издавал службени тајни од МВР по…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…