Лукаревска: Евроскептицизмот се намалува, граѓаните сакаат да одиме напред
Вчеравечер пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ во гостување на емисијата „ClickPlus“ на „TV21“ изјави дека еден од програмските темели на најголемата опозициска партија е европерспективата на Северна Македонија и истакна дека за ваквите стратешки прашања е неопходен широк политички консензус доколку целта е напредок на државата, но посочи дека очекуваат и од власта јасно да ја презентира својата стратегија.
„Сите сигнали и пораки коишто ги добиваме и од Кошта, извештајот на Вајц којшто се усвои во комитетот за надворешни работи, Марта Кос па и претходни евроамбасадори во нашата држава како и актуелниот Рокас одат на таа линија дека ние мораме да си ја завршиме домашната задача односно тоа е носењето на уставните измени“, изјави Сања Лукаревска.
Лукаревска порача дека договореното со Европската Унија треба да се спроведе, потсетувајќи на ставот на Антонио Кошта дека преземените обврски мора да се почитуваат. Таа истакна дека токму затоа СДСМ ја покренала иницијативата за референдум, оценувајќи дека евроскептицизмот се намалува и дека граѓаните сакаат земјата да продолжи по европскиот пат, кој носи подобро здравство, владеење на правото и поквалитетен живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лукаревска: Ги отфрлам сите шпекулации дека ќе…
Директорката на Упавата за јавни приходи (УЈП)…