Лукашенко прeсече: Руските војници остануваат во Белорусија додека Путин не одлучи поинаку
Белорускиот претседател Александар Лукашенко го оцени како глупост тврдењето дека е подготвен да ја нападне Украина.
Зборувајќи за тоа кога руските војници ќе бидат повлечени од Белорусија, каде што се водат заеднички воени вежби, Лукашенко рече дека Американците префрлаат илјадници војници на границата со Белорусија, директно во Полска и балтичките земји.
Тој посочи дека западните земји не зборуваат за тоа, туку вршат притисок врз Белорусија.
Тој изјави дека руските војници ќе се повлечат од Белорусија кога ќе се донесе одлука со претседателот на Русија и кога ќе завршат вежбите.
Во Белорусија во тек е заедничка руско-белоруска воена вежба во услови на ескалација на тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев повторно се заканува: Директен конфликт меѓу…
Директен конфликт меѓу Русија и САД, доколку…
Бајден побара продолжување на испораката на оружје…
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…