Објавено на:

Лукашенко се пошегува: Путин е здрав и апсолутно фит ама може да настине на нашите погреби

t

Рускиот претседател Владимир Путин е со добро здравје, душевно здрав и „во подобра форма од кога било“, изјави неговиот близок сојузник, белорускиот претседател Александар Лукашенко во интервју за јапонскиот телевизиски канал ТБС.

-Тој и јас не се сретнавме само како шефови на држави, туку сме во пријателски односи, рече Лукашенко во снимката од интервјуто споделена од државната новинска агенција БелТА. „Апсолутно сум запознат со сите негови детали, колку што е можно, и државни и лични“.

Русија ја искористи белоруската територија за да ја почне инвазијата на Украина на 24 февруари.

-Западот, а и вие, треба да ја извадите оваа глупост, оваа фикција од вашите глави, рече тој. „Путин е апсолутно фит, тој е во подобра форма од кога било. Ова е сосема здрав, здрав човек, физички здрав – тој е спортист. Како што велат овде – може да настине на само на нашите погреби, рече Лукашенко.

Западните лидери сугерираа дека Путин направил скапа погрешна пресметка со започнувањето на воениот напад врз Украина, каде руските сили претрпеа големи загуби и нивното напредување во голема мера е запрено и покрај нивната очигледна супериорност.

Британскиот премиер Борис Џонсон сугерираше дека Путин е „ирационален“, а холандскиот премиер Марк Руте го опиша како „тотално параноичен“.

Но, Лукашенко ја отфрли идејата дека Путин, кој има 69 години, не бил здрав.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко: Настаните во Украина се само почеток

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјавил дека…

Лукашенко: Не се сомневам дека Русите, како…

Честитки до рускиот лидер Владимир Путин за…

Дуда: Запрепастен сум од преговорите помеѓу Путин,…

Запрепастен сум од сите разговори со Путин,…

Путин му го плесна: Погрешната политика на…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Дали се согласувате со Трас – Путин…

Министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство…