Објавено на:

Мадуро испрати порака од затвор: Ќе продолжиме да се бориме

t

Николас Мадуро Гера, син на уапсениот венецуелски претседател Николас Мадуро, изјави дека неговиот татко испратил порака од затворска ќелија во САД дека тој и неговата сопруга Силија Флорес, која е притворена во истата притворна единица во Њујорк, се „добро“ и дека се „борци“.

– Добро сме. Ние сме борци. Немојте да бидете тажни, рече Николас Мадуро Гера во видео објавено од владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела, објави „Ле Фигаро“.

Николас Мадуро и Силија Флорес беа изнесени од Венецуела на 3 јануари во воена операција на американските специјални сили, по што беа уапсени и сместени во притворна единица во Њујорк, а нивното судење започна во тој град на 5 јануари по обвинение за вмешаност во нелегална трговија со дрога и оружје, на кое двајцата се изјаснија за невини.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека „нема да се одмори ниту минута додека не се врати претседателот“ и дека ќе го „спаси“.

По апсењето на Мадуро, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „откажал“ нов американски напад врз Венецуела поради „соработката“ на Каракас и дека Вашингтон има намера да ги „диктира“ сите одлуки, додека Венецуела одговори дека не е ниту „подредена ниту покорна“ на Вашингтон.

Вчера американскиот Стејт департмент ги повика граѓаните на таа земја да не патуваат во Венецуела, а оние што веќе се таму „веднаш да ја напуштат земјата“ поради „нестабилната“ безбедносна ситуација.

Причината за таков апел беше присуството на вооружени милиции, познати како „колективос“, кои поставуваат блокади на патиштата и пребаруваат возила за докази за американско државјанство или поддршка за Соединетите Американски Држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мадуро испрати порака од затвор: Ќе продолжиме…

Николас Мадуро Гера, син на уапсениот венецуелски…

Германски министер за најавите на Трамп: Меѓународното…

„Исклучиво од Данска и Гренланд зависи да…

ГЕОПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС: Путин го оправдува интересот на…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ги…

ДУИ слави во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ…

Повтореното гласање за градоначалници во четири општини…

Британскиот министер за одбрана: „Би го киднапирал…

Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, изјави…