Маж од Ѓорче Петров физички ги нападнал сопругата и ќерката
Педесетгодишен маж од Ѓорче Петров физички ги нападнал неговата 28 годишна ќерка и неговата сопруга, соопштија во Министерството за внатрешни работи.
„Вчера 50 годишна жена од Скопје пријавилa дека околу 20 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и нејзината 28 годишна ќерка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.Ќ. (50) од Скопје, а потоа им се заканувал со остар предмет на нив и на 25 годишниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во соопштението.
МВР информира и за друг случај на насилство кој се случил вчера.
„Вчера во 18 часот во полициската станица Кисела Вода е извршен службен разговор со Д.С. (38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39 годишна поранешна сопруга од Скопје, дека околу 12 часот во домот на подрачјето на Центар, физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, се вели во соопштението на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж од Ѓорче Петров физички ги нападнал…
Педесетгодишен маж од Ѓорче Петров физички ги…
Апасиев со писмо до членството и симпатизерите:…
Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев…
Познат идентитетот на настраданиот Македонец во Љубљана…
39-годишниот Стојче Ѓоргиев од Грдовци, кочанско, е лицето…
Австрија и Словенија го поддржуваат дијалогот меѓу…
Предлог за промена на процесот на одлучување…
Зеленски: Украина редовно ќе користи свои балистички…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…