Маж пронајден без знаци на живот во домот – МВР со детали!
Четириесет и осумгодишен жител на Куманово бил пронајден починат вчера во стан на улицата „Доне Божинов“, соопштија од Секторот за внатрешни работи.
Според официјалните информации, на 22.05.2026 година во 09:22 часот во СВР Куманово било пријавено дека во стан на наведената улица е пронајден починат Н.Д. (48) од Куманово.
На местото на настанот излегле надлежните служби, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина каде ќе биде извршена обдукција за утврдување на точната причина за смртта.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, а засега не се соопштуваат дополнителни детали околу околностите под кои настанала смртта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж пронајден без знаци на живот во…
Четириесет и осумгодишен жител на Куманово бил…
Сеизмолошка опсерваторија излезе со информации за потресот…
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…
ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ!
Попладнево земјотрес со јачина од 3.5 степени…
(Видео) Реки луѓе пристигнуваат на големиот студентски…
Студентското движење ги покани граѓаните на Србија…
Хорор во дом за деца: 15-годишен штитеник…
На 22, објави 4news.mk 05.2026 во 11:30…