Објавено на:

Македонец убил жена во Грција — го ставил телото во вреќа и го закопал во нива

t

Македонски државјанин е главен осомничен за убиството на 45-годишна жена во близина на Ханија, на грчкиот остров Крит, и, според информациите, го признал делото. Жената, која била сопственичка на станот во кој тој живеел како потстанар, исчезнала на 30 мај, а нејзиното тело било пронајдено утрово, објави „Прототема“.

Четириесет и тригодишниот македонски државјанин, кој ја изнајмувал нејзината куќа, го признал убиството на Ставрула Левендаки. По злосторството, тој го закопал телото на жената во нива, на околу пет километри од куќата.

Според првичните информации, Ставрула Левендаки имала повреди во пределот на градниот кош и удар во главата, најверојатно од железен предмет.

Потстанарот тврдел дека се скарал со жената зашто предизвикал штета во куќата. Според неговото тврдење, за време на расправијата ја нападнал и ја убил. Потоа го ставил телото во вреќа и со својот автомобил го однел до местото каде што го закопал.

Полицијата, сепак, со резерва го разгледува неговото објаснување за причината за расправијата и ја истражува и можноста мотивот за злосторството да бил сексуален.

По исклучително тешка ноќ, полицајците од Одделот за борба и расветлување кривични дела во Ханија успеале да добијат признание од македонскиот државјанин. Тој, според информациите, детално опишал што се случило утрото на 30 мај.

Обвинетиот им го посочил на полицајците местото каде што го скрил телото на 45-годишната Ставрула Левендаки.

Во моментов, силни полициски сили и екипи на криминалистичките служби се наоѓаат во областа Ватолакос кај Ханија, каде што било пронајдено телото на несреќната жена.

Истрагата е во полн тек, а се очекува официјално соопштение од грчката полиција за околностите на злосторството и доказите што довеле до целосно расветлување на случајот, кој ги потресе Ханија и цела Крит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец убил жена во Грција — го…

Македонски државјанин е главен осомничен за убиството…

Вонредна состојба во Грција: Беснее огромен пожар

Грчките власти евакуираа две населени места на…

Андреас Трајковски ја претставува Македонија на Балканското…

Во Волос, Грција, ќе се одржи Балканското…

Украле 3.5 милиони евра и избегале од…

Два цели денови им беа потребни на…

Meet Prespa 2026 и годинава ќе ги…

Meet Prespa 2026 и годинава ќе ги…