Објавено на:

Македонија губи милиони годишно од „инвестицијата“ на Алказар Енерџи: Ете до толку ни ја потценуваат интелигенцијата и продолжуваат со своите погубни економски политики

t

Колкав годишен закуп, според сегашните прописи и пазарни цени, може Македонја да наплати од ветропаркот на Алказар Енерџи?

Ќе наплати многу малку, одвај околу 24.000 евра за 340 хектари ридско земјиште, иако Алказар Енерџи во просек ќе остварува по 70 милиони евра годишен профит пред камати, амортизација и даноци (EBITDA), што во иднина ќе расте. За откажувањето од можноста државата да изгради самата ветропарк на истото земјиште и граѓаните да добијат обновлив извор на електрична енергија, што моментално ни е важна како леб, ќе добиеме само еден 3000-ти дел од добивката што ќе ја остварува странскиот инвестициски фонд на наша територија благодарение на штетната власт.

Наместо Македонија за 30 години да оствари чист профит од 2,34 милијарди евра и тоа по отплатата на кредитот за изфрадба, ќе добие одвај 0,72 милиони евра. Тоа е чиста загуба од 2,399 милијарди евра заради недобронамерноста на оваа недомаќинска и штеточинска влада кон сопствените граѓани. Ако ја додадеме загубата од 3,5 милијарди евра од брзата пруга, тоа се речиси 7 милијарди евра загуби или загубени добивки, не сметајќи ги гасните централи на Казанџи груп.

Во Македонија, издавањето на државно земјиште под закуп е регулирано со неколку закони, при што главни се Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на РМ” бр. 135/2007, со последователни измени и дополнувања) и Законот за градежно земјиште (“Службен весник на РМ” бр. 15/2015, со измени и дополнувања).

Висината на закупнината за државно земјиште обично се базира на пазарната вредност на земјиштето, утврдена од овластен проценувач. Закупнината за земјоделско земјиште често се движи околу 5% од пазарната вредност годишно, но за градежно земјиште или земјиште за специјални намени (како ветерници), цената може малку да варира.

Земјиштето на ридови, особено за проекти како ветерници, често е земјоделско земјиште од пониска катастарска класа (на пример, од V до VIII класа) или пасишта, што значи дека неговата пазарна вредност е прилично ниска, иако може да носи голема корист. Според извор од 2021 година, цената за продажба на земјоделско земјиште од V до VIII класа се движи од 0,20 евра по метар квадратен (12 денари), со можност за намалување од 30% за земјиште над 700 метри надморска висина. Ако закупнината е околу 5% од пазарната вредност, тогаш годишниот закуп би можел да изнесува:
Пазарна вредност: 0,20 евра/m² (12 денари/m²).

Годишен закуп (5%): 0,20 × 0,05 = 0,01 евра/m² или околу 0,61 денари/m² годишно.
Со намалување од 30% за земјиште над 700 метри надморска висина, пазарната вредност би била 0,14 евра/m², а закупнината: 0,14 × 0,05 = 0,007 евра/m² или околу 0,43 денари/m² годишно.
Според информациите од извор за „Алказар Енерџи“, тие планираат да користат околу 345 хектари (3.450.000 m²) за ветерници. За 345 хектари: 3.450.000 m² × 0,007 евра/m² = 24.000 евра годишно или околу 1.488.000 денари годишно.

———————————————-
Колку Македонија губи со овој штетен проект?

Пресметката на изгубената добивка сме ја виделе тука порано, а сега само ќе се потсетиме. На дијаграмот на сликата е прикажан растот на кумулативната добивка во текот на експлоатациониот век на ветропаркот од 30 години. Основните параметри се:

– инсталирана моќност: 396 MW од 54 ветерници
– годишно производство на ел. енергија: 867 GWh
– моментална цена на ел. енергија: 96 евра/MWh
– капитални издатоци: 693 милиони евра, од што 103 милиони евра сопствено почетно учество и 590 милиони евра заем
– каматна стапка на заемот: 2,5% (не сметајќи грант од ЕУ)
– барана стапка на принос: 8%
– период на отплата: 20 години
– експлоатациски век: 30 години
– стапка на инфлација и годишен раст на приходите: 3%
– оперативни трошоци: 17% од приходите
– прв ануитет за заемот: 31,2 милиони евра (ќе расте со стапка од 3% годишно)
– вкупно исплатена камата: 194,1 милиони евра

Основни финансиски метрики:

– вкупен профит за 30 години, по отплатата на заемот, пред оданочување: 2340,6 милиони евра
– вкупен принос во однос на почетното вложување: 2.173%
– внатрешна стапка на принос: IRR=31,23% (!)
– нето сегашна вредност на проектот, по остварувањето на бараната стапка на принос од 8%: 509,8 милиони денешни евра
– индекс на профитабилност, над бараната стапка на принос: PI=5,95

Дури ни Ворен Бафет конзистентно не остварувал принос од 31,23%, а заради кратковидоста на оваа Влада, ние се откажуваме од добивката и им ја отстапуваме на странски приватни инвеститори, за смешни 24.000 евра годишно.

Владата продолжува бескрупулозно да ги манипулира граѓаните тврдејќи дека „Алказар Енерџи ќе ни донесел 500 милиони евра во државата“. Тоа е исто како некој да ни изгради ветерница во дворот, од неа само тој да има профит и при тоа да ни каже дека ни донел многу пари во куќата.

На прашањето од опозициската СДСМ дали е точно дека Алказар Енерџи немал дозвола за градба, тие наместо одговор кажуваат дека СДСМ ќе изгубел катастрофално на изборите. Освен ароганција и безобразлук, ништо друго и не може да се очекува од тие луѓе, на кои овој несреќен народ наивно им ја подарил довербата да се грижи за нив и државата.

Ете до толку ни ја потценуваат интелигенцијата и продолжуваат со своите погубни економски политики. Останува да видиме дали населението е навистина толку глупаво или пак конечно ќе се разбуди и ќе сфати со кого си има работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија губи милиони годишно од „инвестицијата“ на…

Колкав годишен закуп, според сегашните прописи и…

Единаесет фудбалери повредени при удар на гром…

781 Читање помалку од 1м За време…

По големите флуктуации, доларот зајакна во однос…

На девизните пазари, вредноста на доларот во…

МВР трага по исчезнато 15-годишно девојче со…

На 02.08.2025 во ПС Карпош, Р.Л. (42)…

Бик уби човек со рог по корида…

Во Кутања, во близина на Доњи Вакуф,…