Македонија добива нов британски амбасадор

t

Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Република Македонија.

Тој ќе стапи на должност на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, чиј мандат истекува во јули годинава.

Лосон во Скопје доаѓа по амбасадорската функција во Душанбе, Таџикистан. Во неговата биографија се наведува дека ја вршел и функцијата заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада од 2013 до 2015 година.

Новиот британски амбасадор работел и како шеф на Одделот за Јужна Азија и Авганистан при Министерството за надворешни работи и Комонвелт од 2009-2011.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СУГС „Никола Карев“ е најдобар кошаркарски тим…

Денеска, на завршниот финален натпревар во средношколска…

Чкембари во војна со управата: Вие сте…

Откако управата на битолскиот ракометен клуб Пелистер…

ИМЕТО ПРЕДИЗВИКУВА ТЕНЗИИ: Бугарското здружение не може…

Комисијата за употреба на имиња на личности…

Дедо истепал жена со тврд предмет и…

Денеска во полициска станица во Струмица бил…

18 годишник пронашол паричник со платежна картичка,…

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично…