Македонија има најнизок минималец во регионот

t

Експерите, синдикатите, владата и работодавачите ги судираат аргументите за зголемување на минималнта плата: од една страна се нагласува потреба на луѓето кои примаат минималец да добијат зголемување, додека Владата и работоддавачите ја изразуваат загриженоста за финансиската изводливост. Главните причини поради кои Македонија има пониски минимални плати, споредено со регионот, се дека земјата заостанува во делот привлекување на странски инвестиции, но и во спроведувањето на капиталните инвестиции, се вели во анализата на Радио Слободна Европа. Аналитичарот Халили вели дека главните причини поради кои Македонија има пониски минимални плати, споредено со регионот, се дека земјата заостанува во делот привлекување на странски инвестиции, но и во спроведувањето на капиталните инвестиции.

„Во Црна Гора и Албанија само последните недели неколку клучни инфраструктурни проекти се пуштени во употреба кои директно ќе влијаат во развојот на целото стопанство. Се развива патната инфраструктура, а истовремено многу компании се ангажирани во тие проекти. Импактот од тоа е голем врз туризмот и врз другите сектори “,вели Халили за Радио Слободна Европа.

Од ССМ велат дека покачувањето на минималната плата треба да ја заштити најранливата категорија граѓани, исто така посочуваат дека со тоа треба да се спречи одливот на работна сила во земјите од регионот.

Оттаму посочуваат дека минималната плата во Црна Гора изнесува 450 евра, Србија 423 евра, Босна и Херцеговина 450 евра, Хрватска 840 евра (бруто), Словенија 1.253 евра (бруто), а Албанија 385 евра.

„Потсетуваме дека Минималната плата во Македонија изнесува 22.567 денари (367 евра) и сè уште е најниска во регионот“, велат од ССМ. Владата на повиците на синдикатите одговори дека е подготвена да разговара за покачување, но дека во моментов состојбата е дека недостасуваат пари во буџетот.

Но, и економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ смета дека минималната плата „апсолутно мора да расте.“ Тој додава дека и покрај покачувањето од последниве неколку години, минималната плата во земјава се уште е ниска.

„Во мај синдикалната кошничка беше нешто над 60 илјади денари, што значи дека минималната плата е само 38 проценти од нејзината вредност, што е просто прениско. Минималната плата треба да изнесува барем 50 проценти од кошничката. Не мора да се покачи на тоа ниво веднаш, може да се направи во година-две, ама тоа треба да биде целта. Така што би кажал дека барањето на синдикатите за минимална плата од 450 евра е дури и благо и дека треба да се бара повеќе“, вели Јовановиќ.

Од друга страна , Владата се соочува со наследена голема буџетска дупка и енормен јавен долг. Премиерот Христијан Мицкоски на повиците на синдикатите одговори дека е подготвен да разговара за зголемување на минималната плата, но посочи дека буџетот се наоѓа во лоша состојба.

„Недостасуваат 2,5 милијарди денари за редовна исплата на пензиите наспроти ова што претставува дополнително зголемување што го најавивме и ветивме, тогаш можете да сфатите за што станува збор “, рече Мицкоски.

Целата анализа ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма во целиот свет: Microsoft со глобален…

Компаниите во светот се соочуваат со проблеми…

(Видео) Фатен крадец во скопската Чаршија

Деновиве во скопската чаршија се случиле неколку…

Целосно е изгаснат пожарот на Пелистер

Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно…

Зголемено присуство на Ковид-19 во Грција

Тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и…

Заплена на кокаин вреден милион евра во…

Во акцијата на полицијата и обвинителството запленети…