Македонија и Косово имаат интерес за продлабочување на добрососедските односи, се сложија Сиљановска и Османи

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи – Садриу.

На средбата беше оценето дека двете држави имаат одличен политички дијалог и беше изразен интерес за натамошно продлабочување на севкупната билатерална соработка и јакнење на добрососедските односи.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека во интерес на натамошна стабилизација и економски просперитет на регионот е неопходно да вложуваме во регионалната соработка, да се обезбеди непречно одвивање на евроинтеграциските процеси на земјите од регионот, како и доследно спроведување на реформската агенда.

Во таа насока, двете претседателки разменија мислења за европската перспектива на регионот, како и за политичките и безбедносните предизвици на регионален и мултилатерален план.

Посочувајќи дека двете држави се значајни трговски партнери, на средбата беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на економската соработка и инфраструктурното поврзување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Дачиќ: Има основано сомневање дека убиството на…

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави…

Стано: ЕУ нема донесено одлука за укинување…

Европската унија се уште нема донесено одлука…

Запалено српското знаме во Косовска Митровица

Непознати лица го запалиле српското знаме во…

Курти бара меѓународната заедница да ја притисне…

Меѓународната заедница да изврши притисок врз Србија…