Македонија не е под директна безбедносна закана од руската инвазија врз Украина

t

Балканот е слабата точка – раната на ЕУ и се разбира дека може да има импликации и обиди на надворешни политички фактори и регионални фактори, кои може да го искористат овој хаос за остварување на свои цели.

Македонија не е под директна безбедносна закана од руската инвазија врз Украина, но на Балканот како најслаба точка на ЕУ може да има обиди од надворешни политички или регионални фактори да го искористат хаосот за да ги остварат своите цели, оценува министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Земјава како членка на НАТО ги добива сите информации во реално време, вели Османи, а чекорите на Москва им биле познати уште пред две недели, што според него, помогнало да се носат добро информирани одлуки и подготовка за било кои последици.

– Балканот е слабата точка – раната на ЕУ и се разбира дека може да има импликации и обиди на надворешни политички фактори и регионални фактори, кои може да го искористат овој хаос за остварување на свои цели. Треба да бидеме многу внимателни тука во регионот. Затоа се овие чести комуникации регионалните фактори за да бидеме координирани, а се усогласивме и заеднички е ставот дека никој во регионот не сака конфликт, ескалација и мора да бидеме многу внимателни во тој дел, изјави Османи.

Османи ова го изјави по заедничката прес-конференција со неговиот српски колега Никола Селаковиќ чиј домаќин беше. Но српскиот министер за надворешни работи го напушти МНР веднаш по официјалното обраќање за заедничката средба и ги избегна новинарските прашања за актуелните состојби.

Досега, освен Србија, став за инвазијата нема и од БиХ, поради противењето на Република Српска. Претседателот Пендаровски прогнозира дека руската инвазија може да има безбедносни импликации врз Западен Балкан, особено во Бања Лука.

– Во однос на безбедносните консеквенци ако Путин ја освои Украина, на Западен Балкан најранливата точка е Бања Лука“, рече претседателот.

Она што загрижува, рече Пендаровски, е тоа што над 40 отсто од македонските граѓани сметаат дека Евроазиската унија предводена од Русија е алтернатива на ЕУ.

Дека Москва планира да ги зголеми активностите во поранешните југословенскиреспублики, особено кон Босна и Херцеговина, анализира и германскиот весник „Ди Велт“. Вакви стравувања беа причина и Австрија денеска да испрати дополнителни 120 војници во Босна, а вчера дополнителни 500 војници испрати и Европската унија…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Членките на НАТО кои се соседи со…

Шест земји членки на НАТО, кои се…

Столтенберг го повика НАТО да ги укине…

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја…

Стејт департмент: Америка испраќа оружје во вредност…

Америка денеска објави нов пакет помош од…

Украина ослободи 50 затвореници под услов да…

Судот во областа Хмелницки во Украина ослободи…

Столтенберг: НАТО е со Естонија против каква…

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска…