Македонија ја декласира Словачка и се доближи до пласман на Светското првенство
Ракометната репрезентација на Македонија направи огромен чекор кон обезбедување место на Светското првенство, откако вечерва во Прешов славеше убедлива победа над Словачка со 31:24 во првиот бараж-дуел.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров уште во првото полувреме покажаа дека се поквалитетен ривал, па на паузата заминаа со солидна предност од 18:13.
Во продолжението македонските ракометари рутински ја одржуваа разликата и не дозволија Словаците да се вратат во мечот, па на крајот заслужено стигнаа до седум голови предност пред реваншот во Скопје.
Најефикасен во македонскиот состав беше Филип Кузмановски со десет погодоци, додека Милан Лазаревски постигна седум голови.
Реванш-натпреварот ќе се одигра на 17 мај во Спортски центар Борис Трајковски, каде Македонија ќе има можност пред домашната публика да го потврди пласманот на Мундијалот.
Светското првенство ќе се одржи во Германија во јануари следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ја декласира Словачка и се доближи…
Ракометната репрезентација на Македонија направи огромен чекор…
(Видео) Прв сериски убиец со дело фемицид…
ОЈО Куманово спроведе предистрага и истрага од…
Српски државјанин е уапсен во Скопје, осомничен…
Во заедничка акција на српското Министерство за…
(Видео) Фицо со повик за обновување на…
Словачкиот премиер Роберт Фицо, единствениот лидер од…
Лазаров повика 20 ракометари за мундијалскиот бараж…
Селекторот на македонската машка сениорска ракометна репрезентација,…