Објавено на:

Македонија ќе игра пријателски меч против Чешкa

t

Македонската фудбалска репрезентација на 10 јуни ќе одигра пријателски натпревар против Чешка во Прага, објави денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Дуелот против Чесите ќе уследи една недела по гостувањето на македонските фудбалери во Риека и пријателскиот натпревар на 3 јуни против Хрватска.

-Мило ми е што постигнавме договор со чешкиот Фудбалски сојуз да одиграме натпревар кој ќе биде одличен тест за двете селекции. Противникот бараше натпревар против нас, а тоа е потврда и за нашиот квалитет, изјави денеска македонскиот селектор Благоја Милевски за официјалниот сајт на ФФМ.

Хрватска и Чешка ќе ги искористат дуелите против избраниците на Милевски за што подобро да се подготват за настап на Европското првенство ова лето во Германија, додека македонските фудбалери во септември ги очекува новиот циклус во Лигата на нации.

-Репрезентација на Чешка ќе биде поттик за нашата репрезентација да влезе во натпреварувачки ритам пред да започнеме со официјалните натпревари од новото издание на Лига на нации. Чешка има силен тим, но сакаме да видиме каде сме во тој момент и што треба уште да подобриме во пресрет на отворањето на Лига на нации. Сигурен сум дека гледачите ќе уживаат во квалитетен натпревар, додаде Милевски.

Со селекцијата на Чешка, македонската репрезентација досега има одиграно три натпревари. Во квалификациите за СП 2006 загубивме во двете пресметки, а одигравме 1:1 на пријателскиот меч во 2001 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…